„Булгаргаз ЕАД“ доби известување дека испораките на природен гас од „Гаспром експорт“ ќе бидат прекинати од утре, соопшти прес-центарот на Министерството за енергетика во Бугарија.

Advertisements

„По анализата на државната компанија Булгаргаз и Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ), беше откриено дека новата процедура за плаќање во две фази предложена од Русија не е во согласност со постоечкиот договор до крајот на оваа година и претставува значителен ризик за Бугарија, вклучително и плаќања без да добиваат испораки на гас од руска страна“, велат од бугарското министерство.

Како што се додава, Министерството за енергетика, бугарскиот енергетски холдинг, Булгаргаз и Булгартрансгаз презеле чекори за да направат алтернативни аранжмани за снабдување со природен гас и да се справат со ситуацијата. Во моментов во Бугарија не се потребни рестриктивни мерки за потрошувачка.

Претходно беше потврдено дека Русија од утре престанува со испорака на гас во Полска.

Прикажи повеќе