Голем број луѓе денеска со нетрпение го следеа оџакот на Систинската капела, чекајќи го белиот чад што ќе го одбележи изборот на нов папа.
Сепак, вниманието на јавноста за момент не го украде чадот, туку галеб кој слета на местото во кое беа вперени сите погледи на светот.
Птицата која се насели на покривот на Систинската капела стана главна атракција на социјалните мрежи, а корисниците веднаш ја претворија во ѕвезда на бројните мемиња.
„Дива“, „Поздрав до оној галеб кој беше целосно фокусиран на настаните од конклавата“, „Најдоброто место во градот“, се само дел од коментарите на „Икс“.
Текстот Галеб на покривот на Систинската капела го украде шоуто на конклавата, интернетот е полн со мемиња е превземен од МАКФАКС.