реклама

 Џо Бајден потпиша указ за назначување неколку познати културни дејци за членови на Комитетот за уметност и хуманитарни науки при претседателот на САД.

Како што се наведува во соопштението, копретседатели на комитетот ќе бидат пејачката Лејди Гага и продуцентот Брус Коен. Двајцата се добитници на многу награди како Оскар. Гага е добитничка на 13 награди Греми, таа ја пееше американската химна на инаугурацијата на Бајден во 2021 година.

реклама

Коен соработуваше со администрацијата на Барак Обама, помагајќи на тогашната прва дама Мишел Обама на проект за поддршка на семејствата на војниците и ветераните. Леди Гага има добиено 13 награди „Греми“.

Останати именувани членови на Комитетот се актерите Џорџ Клуни и Џенифер Гарнер, музичарот Џон Батист, Констанс Керол, претседател на Асоцијацијата на дипломци од општинските колеџи на Калифорнија. Потоа, Филип Делориа, професор по историја на универзитетот Харвард, Нора Халперн историчарка на уметноста и куратор на многу авторски проекти.

реклама

Претседателскиот Комитет за уметност и хуманитарни науки е формиран во 1982 година како консултативен совет при Белата куќа, „за развој на уметничкото и хуманитарното образование, културна дипломатија и креативни индустрии“.

Во 2017 година Комитетот привремено запре со работа во знак на протест против Доналд Трамп, откако некои членови го критикуваа тогашниот претседател за попустливост на кон протестите на екстремната десница и повикаа негова оставка.

реклама

Работата на Комитетот беше обновена од Бајден во 2022 година.

реклама