За посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија реагираше и српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој рече дека Курти во Тетово ја промовирал идејата за Голема Албанија.
„Она што се случи во Северна Македонија беше скандал на скандали. Таму беше промовирана идејата за Голема Албанија. Беа истакнати нејзините симболи, а Курти беше претставен како премиер на сите Албанци и премиер на Тетово“, рече Вучиќ во интервју за Пинк. Тој реагираше и на преименувањето на улица во Чаир. Адем Демачи, рече српскиот претседател, бил човек кој поминал 28 години во затвор во времето на Тито како најлош и најголем идеолог и сепаратист за Голема Албанија. Демачи му беше ментор и идол на Курти“, изјави Вучиќ.
Според него, напорите на Курти да создаде немири добиваат тивка поддршка од дел од меѓународната заедница.