Владата на Србија, доколку се формира, треба да се формира до 19 или 20 март, а ако не, тоа значи дека изборите најверојатно би се одржале на почетокот на мај, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Говорејќи за Радио телевизија на Србија (РТС) во четвртокот вечерта, тој истакна дека „оставката на владата и нејзиниот премиер Милош Вучевиќ треба да биде објавена најдоцна околу 17 февруари“.
Тој посочи дека тоа значи дека од 17 февруари ќе почнат да течат роковите од 30 дена за формирање влада или распишување избори, пренесува Анадолија.
Тој изјави дека тоа се две опции утврдени со Уставот и дека првенствено би било добро да се обиде да создаде „една добра влада“.
Тој рече дека ќе продолжи да инсистира на дијалог со студентите кои протестираат во српските градови по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Вучиќ рече и дека не му е грижа кој ќе учествува во дијалогот бидејќи „секој разговор е лековит“, додавајќи дека можат да разговараат со секого, пренесе Танјуг.
Текстот Вучиќ: Нова влада од 20 март или предвремени избори е превземен од МАКФАКС.