Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека масовното убиство кај Белград е терористички чин. Тој изрази сочувство во негово име и членови на Владата на Србија за масовното убиство во околината на Младеновац, кај Белград.
„Соединети сме во болката и тагата“, рече Вучиќ.
На 5 мај полицијата уапси осомничен за нападот во кој беа убиени најмалку осум, а беа ранети 14 лица.
Престрелката се случила доцна вечерта на 4 мај во селата Дубона, Мало Орашје и Шепшин кај Младеновац, а следува ден по повеќекратното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во кое 13-годишник уби девет, а рани седум ученици и вработени.
Претседателот на Србија најави нови мерки како вработување на 1.200 училишни полицајци.