Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го прими шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Емануеле Жиофре, со кој разговараше за ситуацијата на Косово и во таа пригода ги повика ЕУ и нејзините земји членки итно и преку конкретен ангажман да се спротивстават на самоволието на Приштина.

„Со амбасадорот Џофре разговарав за ситуацијата на Косово, односите меѓу Србија и ЕУ, како и за чекорите што ги преземаме за да напредуваме на нашиот европски пат. Ги повикав ЕУ и нејзините земји членки итно и преку конкретен ангажман да се спротивставиме на самоволието на Приштина, кое ја загрозува безбедноста на српскиот народ и стабилноста на целиот регион“, напиша Вучиќ на својот инстаграм-профил.

Тој изјави дека му се заблагодарува на амбасадорот за сѐ што прави ЕУ, особено во делот на инвестициите, економската и социјалната интеграција и поддршката за реформите.

Прикажи повеќе