Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги распиша вонредните парламентарни избори во Србија за 3 април и донесе указ за распуштање на Народното собрание. Уредбата влегува во сила со објавувањето во Службен весник.
Како што изјави српскиот претседател, Народното собрание досега направило многу, особено за владеењето на правото.
Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ претходно ги распиша локалните избори за 3 април оваа година. Избори за градски собранија ќе се одржат во Белград и Бор, а за општински собранија во Аранѓеловац, Смедеревска Паланка, Лучани, Медвеѓа, Књажевац, Бајина Башта, Дољевац, Кула, Кладово, Мајданпек и Сечањ.