Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло, како и со мала до средна облачност.

Advertisements

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Попладне ќе има нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека на места ќе има услови за појава на невреме со град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

УВ индексот ќе биде = 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер, додека попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и краткотрајни грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната до 36 степени.

Временскиот период продолжува да биде многу топол, со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Поради зголемување на влажноста, во атмосферата ќе се почувствува дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степени.