Вчера успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент од земјава кој имаше потреба од истиот. Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор д-р Мазен Тамими од САД, роден во Јордан.
Еминентни стоматолози специјалисти од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: д-р. Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р. Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, д-р. Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, д-р. Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, д-р. Диана Бојковска, орален хирург и имплантолог.
Во Македонија за првпат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат CME европски кредит поени.
ИМПЛА имплантолошкиот конгрес е во организација на Schuetz Dental од Германија и Велидент Трејд и IMPLA Study Club oд Македонија.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.