Најголемото разочарување на ЕП, е селекцијата на Словенија која беше елиминирана уште во првата фаза,
Љубомир Врањеш не е повеќе предводник на репрезентацијата на Словенија откако по доаѓањето дома федерација на оваа земја експресно му врачи отказ.
Две години по полуфиналето на Европското првенство, Словенија категорични отфрли можност шведскиот стратег да го продолжи развојот на селекцијата.
Со Врањеш на клупата Словенија беше девеетта на Мундијалот пред дванаесет месеци во Египет, а подоцна не се квалификува за олимпискиот турнир во Токио.
Во следниот период федерацијата ќе го избере новиот селектор, а низ медиумите во Словенија се споменуваат повеќе имиња.
Најсериозни кандидати се тренерот на Тримо, Урош Зорман, австрискиот селектор Алеш Пајовиќ, поранешниот селектор Борис Дениќ и тренерот на Нексе, Бранко Тамше.