Вчера во СВР Тетово било пријавено дека околу 14 часот и 10 минути во кругот на станица за технички преглед во Тетово, 8-годишник од Тетово се играл и ја влечел влезната врата, која притоа се откачила од шините и паднала врз него.
Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
За настанот бил известен и јавен обвинител.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Текстот Врата падна врз осумгодишно дете во станица за технички преглед во Тетово, тешко е повредено е превземен од МАКФАКС.