Хрватскат радио-телевизија објави вознемирувачка репортажа од одделот за ковид-19 во една од сплитските болници.
Не сум загрижен што ќе се случи за три недели. Загрижен сум што ќе се случи утре. Многу од нив се спасени со респиратори. Се работи за апарат – изјави д-р Божидар Дупланчиќ, анестезиолог на интензивна нега во Клиничкиот болнички центар Сплит.
Битка за респиратор.
Респираторот не убива, но респираторот ги спасува луѓето. Респираторот ни го дава времето потребно за да закрепнат белите дробови, вели Дупланчиќ.
Тој вели дека има доволен број на доктори, но треба да има најмалку двојно повеќе медицински сестри.
Уморна сум, сите мои колеги се уморни. Пред некое утро се прашував, Боже, ќе можеме ли сето ова да го издржиме? Засега некако успеваме, но ако вака продолжи, ако луѓето не се вакцинираат, ако не нè слушаат, вели Јадранка Марас, главна медицинска сестра на одделението за интензивна нега.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.