Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Струга е пријавено дека на први мај околу 13.00 часот на локалниот пат за село Горна Белица, струшко, патничко возило „нисан терано“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(50) од село Долна Белица, струшко, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка К.Џ.(45) од с.Долна Белица, а со телесни повреди се здобиле возачот, сопатничката М.Џ.(54) и еден малолетник, двајцата од с.Долна Белица, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
Текстот Возило излета од локален пат во Струшко: меѓу повредените и малолетник е превземен од МАКФАКС.