Полицијата уапси гостиварец кој со автомобил предизвика несреќа и усмрти млад мотоциклист.

Според информациите од МВР, ноќеска во 01.40 часот било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бе-ем-ве“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М.(38) од с.Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Возачот И.М. бил лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Возач во Гостивар усмрти 18-годишен мотоциклист е превземен од МАКФАКС.