Унгарската влада од денеска воведува „плафон“ на цените на горивата за да ги заштити потрошувачите од наглото зголемување на цените и да ја ограничи инфлацијата, која достигна најбрзо темпо од 2012 година.
За тримесечен период од 15 ноември, цените на бензините и на дизелот не можат да надминат 480 форинти (1,31 евро) за литар на бензинските пумпи.
„Се надеваме дека ова ќе и помогне на економијата и ќе помогне да се спречи инфлацијата“, рече шефот на кабинет на премиерот Виктор Орбан, Гергеји Гулјас, минатата недела кога беа соопштени мерките.
Тој нагласи дека Унгарија ќе продолжи да ги замрзнува малопродажните цени на енергентите поради зголемените сметки за електрична енергија низ Европа.