Во среда (28 мај), со почеток во 20 часот, во просторот на бифето на Драмскиот театар во Скопје ќе се одржи свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“.
Годинашен лауреат е романот „Светот што го избрав“ („Или-или“) од Калина Малеска, а оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Лидија Димковска, Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева.
На свеченоста ќе настапи и џез бендот на Гоце Стевковски.
Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ во вредност од 150.000 денари.
Годинава наградата „Роман на годината“ се доделува по 26-ти пат. Минатогодишен лауреат беше романот „Единствен матичен број“ („Три“) на Лидија Димковска.
Текстот Во среда врачување на наградата „Роман на годината“ на Калина Малеска е превземен од МАКФАКС.