Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека припадниците на специјалната антитерористичка единица, во соработка со сите други полициски сили, утринава околу 3 часот и 5 минути во селото Прибојска Голеша го уапсиле Алија Балијагиќ.

„Тој беше пронајден во куќа каде што имавме информации дека повремено доаѓа. Го фатија на спиење, не даваше отпор“, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека Балијагиќ имал две пушки.

„Приведувањето е извршено на многу непристапен терен со снег од 40 сантиметри. Лицето е донесено во полициската управа во Пријепоље“, рече Дачиќ.

Полицијата трага по Балијагиќ од октомври откако уби две лица во селото Соколац.

Текстот Во Србија уапсен двоен убиец од Црна Гора, го барале со недели е превземен од МАКФАКС.