Вкупно 297 потврдени случаи на голема кашлица се пријавени на територијата на Србија кај кои дијагнозата е поставена од почетокот на 2024 година, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија повикувајќи се на податоци на Јавната здравствена служба заклучно со 4 февруари.
Од почетокот на 2024 година пријавени се два смртни случаја предизвикани од пертусис кај невакцинирани деца на возраст од два и пол и три месеци, се додава во соопштението.
Од вкупниот број пријавени случаи, 23 од нив се хоспитализирани, а најголем број хоспитализирани пациенти се во возрасната група помлади од 12 месеци.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.