Четирикратниот i актуелен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, имаше разочарувачки викенд. Холанѓанецот ја мина целта на шестото место на Големата награда на Бахреин и по трката изјави дека веројатно извлекол максимум, со оглед на тоа што имал големи проблеми со сопирачките и гумите.

Во моментов, болидот на Ред Бул не изгледа како да може да им парира на најбрзите, особено на Мекларен, па затоа раководството на тимот е загрижено дека Ферстапен би можел да бара нов тим.

Иако има договор до 2028 година, „Дејли Мејл“ открива дека во него има клаузула која му дозволува да менува тим за време на летната пауза доколку заврши полошо од третото во генералниот пласман кај.

„Многу сме загрижени, мораме да го подобриме болидот во блиска иднина за Макс да има болид со кој ќе може повторно да се бори за победи. Мораме да му доставиме болид што може да се бори за титулата. Се разбира, секој врвен возач има излезна клаузула во случај на лоши перформанси, но секогаш е различно. Да, тоа ќе биде тема ова лето“, рече советникот во тимот на Ред Бул, Хелмут Марко.

Ферстапен по четири трки го држи третото место во генералниот пласман, осум бода помалку од лидерот Ландо Норис, додека зад него со шест поени помалку на четвртото место е Џорџ Расел.

Како потенцијални нови дестинации на Ферстапен се споменуваат Мерцедес и Астон Мартин кои од следната сезона ќе соработуваат со Хонда, претходниот партнер на Ред Бул.

Текстот Во Ред Бул стравуваат од посебната клаузула во договорот на Ферстапен е превземен од МАКФАКС.