Се затвори одделот за детски болести во охридската болница. Нема специјалисти кои можат да лекуваат пациенти. Сега се вршат само амбулантски прегледи со работни време од 8 до 20 часот, а за викенди и останатото време болните деца ќе се упатуваат во струшката општа болница. Хоспитализирање нема.
Останавме само двајца педијатри во цела болница практично неиздржливо е, ние пробавме да работиме еден месец секој втор ден по 24 часа меѓутоа стварно е неиздржливо. Ќе мораме додека се најде некое решение да ја прекинеме работата како одделение со болнички пациенти, вели педијаторот Орхан Зекир, кој најверојатно ќе остане единствениот педијатар во болницата во Охрид.
Во болницата во Охрид имаат недостиг и од анестезиолози. Директорот ја затвори и урологија наскоро тоа ќе се случи со транафизиологија, бидејќи е останат само еден трансфузиолог.
За ова е известено и Министерството за здравство, се бара начин како да се реши проблемот, можеби со ротација на кадри од други градови – вели директорот на болницата, д-р Горан Балевски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.