Најмногубројната африканска држава, Нигерија денеска е парализирана поради општиот штрајк организиран поради растечката инфлацијата и падот на економијата.
Според подартоците на Националното биро за статистика, цената на горивата се речиси двојно зголемени во споредба со минатиот месец. Додека инфлацијата во јануари изнесувала 30 проценти, највисока во изминатите 30 години.
Синдикатите ја обвинуваат Владата дека не ги исполнила ветувањета за месечно зголемување на платите за 20 долари за сите во текот на шест месеци и три месеци да им исплатат по 15 долари на загрозените домаќинства.