Обвинителството задолжено за истрагата објави дека најмалку 38 лица загинале во тешка сообраќајна несреќа во Мексико, помеѓу градовите Вила дел Сол и Теколутла, минатиот викенд.

Судир меѓу камион и патнички автобус се случил во југоисточно Мексико, а засега е познато дека животот го загубиле две лица во камионот, како и најмалку 36 во автобусот. Ова во јавноста го соопшти обвинителот Џексон Виласис, три дена по големата трагедија.

„Несреќата се случи откако камион влета на главниот пат и се судри со нашиот автобус“, се вели во соопштението на транспортната компанија Тура Акоста.

„Во моментот на несреќата, нашиот автобус беше во оптимална состојба и се движеше со пропишаната брзина. И покрај маневарот на нашиот возач, беше невозможно да се избегне судирот“, се додава во соопштението на превозникот.

Поради судирот автобусот се запалил, поради што многу од телата станале целосно непрепознатливи за идентификација.

Ова е една од најтешките сообраќајни несреќи во Мексико во последните години, каде што просечно 15.000 луѓе годишно ги губат животите на патиштата.

Текстот Во Мексико се судрија камион и автобус: три дена по несреќата, идентификувани се загинатите е превземен од МАКФАКС.