Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ одржуваат состанок во Киев на 2 октомври, во знак на солидарност со Украина, објави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел на платформата X, поранешено позната како Твитер.
Состанокот се случува во период кога Русија ги продолжува смртоносните артилериски напади на југот на Украина.
„Свикуваме историски состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ овде во Украина, земја кандидат и идна членка на ЕУ. Тука сме да ја изразиме нашата солидарност и поддршка на украинскиот народ“, напиша Борел на платформата X.
Најавата на Борел доаѓа откако Русија во текот на ноќта започна нови артилериски напади врз Херсон, при што загина најмалку едно лице, а беа повредени неколку други, меѓу кои и деца, и беше оштетена православната катедрала во јужниот украински град.
„Денеска, околу 5 часот, непријателот го гранатираше центарот на Херсон. На местото на нападот избувна пожар, кој веднаш беше изгаснат од пожарникарите. Како резултат на руската агресија, едно лице загина, уште шест се ранети – од кои две деца“, гувернерот на регионот Керсон, Олександр Прокудин.