Вчера во 13:20 часот на улица „Браќа Блажески“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 42-годишниот Е.М. од Гостивар.
Тој бил баран поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп каде што издржувал казна затвор од пет години и шест месеци за сторено кривично дело „незовластено производство и пуштање во промнет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Прилеп за издржување на казната.
Текстот Во Гостивар приведен бегалец од затвор, осуден на пет ипол години затворска казна е превземен од МАКФАКС.