Вчера, околу полноќ, полициски службеници го приведоа Н.А. (44) од Велес, кој е осомничен дека на улицата Христо Татарчев турнал 38-годишна жена и ѝ ја одзел ташната со пари.

Парите и ташната веднаш беа пронајдени и враќени на сопственичката. Н.А. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител, соопшти МВР.

Откако ќе се заврши целосната истрага, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Во Велес приведен маж поради кражба на ташна, ја турнал сопственичката е превземен од МАКФАКС.