Обединетото Кралство на Велика Британија и Cеверна Ирска има нови протоколи за ковид-19 со кои Република Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, информираат од Министерството за надворешни работи
Граѓаните на Република Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer BioNTech, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик, информираат од МНР.
Останува непроменето дека, за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Cеверна Ирска (ОК) потребна е важечка британска виза или дозвола за престој. Сите протоколи најдетално може да ги најдете на веб страницата на МНР .
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.