Вчера беа објавени снимки на кои медицински службеници облечени во бели заштитни одела ги затвораат влезовите на станбените блокови, па дури и цели улици со зелена жичена ограда висока околу два метри, што предизвика огорченост и поплаки кај граѓаните, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Поради страв од понатамошно ширење на коронавирусот, властите во Шангај поставија жичани бариери пред некои станбени блокови за да го спречат егзодусот, што предизвика нов бран на незадоволство кај граѓаните на 25-милионскиот град.

„Ова е целосно непочитување на човековите права. Со жичани бариери се оградуваат луѓето како да се домашни животни“, коментира еден граѓанин на социјалната мрежа Веибо.

На едно видео се гледаат незадоволни граѓани кои викаат од своите тераси кон работниците кои поставуваат бариери, а на друго видео се гледаат револтирани луѓе кои се обидуваат да урнат жичена ограда.

Прикажи повеќе