Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на опозицијата Бени Ганц, се договорија да формираат вонредна влада во Израел како резултат на воените дејствија.

„Ќе се формира „воен кабинет за управување“ со три членoви: премиерот, министерот за одбрана и претседателот на Националното единство“, се вели во соопштението на израелската влада.

Тоа значи дека за време на воениот период „нема да се промовираат никакви нацрт-закони или владини одлуки кои не се однесуваат на водење на војната“, а и сите високи назначувања автоматски ќе бидат продолжени за време на воениот период.

Прикажи повеќе