Црвеното вино варено со ароматични зачини и мед е вкусно и лековито. Богатството од витамин Ц го прави мелем за зајакнување на имунитет, а состојките кои се додаваат го подобруваат антивирусното делување.
Ако ве фатила настинка или само сакате да се загреете во овие ладни денови, сварете чаша црвено вино со ароматични зачини и мед, бидејќи не само што е вкусно, туку и лековито.
Богатството од витамин Ц го прави мелем за зајакнување на имунитетот, а состојките кои се додаваат го подобруваат антивирусното делување.
Подготовката е многу едноставна. Загрејте чаша вино, а потоа додадете чаша вода, лажица мед, малку бибер, четири парчиња каранфилче, цимет, прстофат мускатно оревле и кора од портокал. Сето тоа сварете го на блага температува и кога ќе се загрее, а пред да зоврие, тргнете го од огнот.
Можете да додадете и ѓумбир и лимон, кои исто така се богати со витамин Ц и на напитокот му даваат уште подобар вкус.
Испијте го виното додека е топло, а бидејќи после овој „еликсир“ сигурно малку ќе се препотите, излегувањата одложете ги за подобри денови.