Вкусен десерт кој им се допаѓа на сите. Здравите состојки го прават уште повеќе вреден за правење.

Состојки:

4 јајца

120 грама кајмак намаз

200 грама чоколадо од најмалку 75% какао

20 грама стевија

20 грама какао во прав

екстракт од ванила

путер од лешник

Подготовка: 

Стопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка. Одделете ги жолчките од белките. Цврсто изматете ги белките и додајте ја стевијата.

Изматете ги жолчките, додајте ги изладеното чоколадо и намазот. Соединете ја смесата со белките. Ставете малку екстракт од ванила и какао. Додајте путер од лешници.

Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и печете 30 минути на температура од 180 °С.