Вицешампионот Дејан Георгиевски денес ја доби својата диплома за додипломски студии и стипендија за магистарски студии од Фондацијата „Проф. д-р Љубе Миленковски“.
Олимпиецот се најде во првиот ред на дипломци на свечената промоција на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
При самото врачуивање на дипломата за дипломиран менаџер на човечки ресурси, деканот проф. д-р Александра Стоилковска, информираше дека Дејан, кој беше стипендист на фондација „Проф. д-р Љубе Миленковски“ за талентирани студенти, добива уште една стипендија за продолжување на студиите.
Фондација „Проф. д-р Љубе Миленковски“ е основана во 2007 година од ректророт на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р. Аце Миленковски, за финансиска поддршка на талентирани студенти. За бројните активности и стипендираните студенти, Фондацијата има добиено награда за филантропија и општествена одговорност.
Дејан Георгиевски пред 3 години беше препознат како талент и беше добитник на оваа стипендија.