Поранешниот ас на Барселона, Реам Мадрид, Интер и Милан, Луис Назарио Де Лима Роналдо, дефинитивно е еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, поради што неговото мислење секогаш има тежина, без разлика на темата на која говори.
Поради тоа, прогнозата на Бразилецот за тоа тој ќе ја добие „Златната топка“ за изминатата сезона дефинитивно е сфатена сериозно, особено поради фактот што тој е убеден во тоа што го говори.
„Мој кандидат за ‘Златната топка’ дефинитивно е Карим Бензема. Тој е најдобар напаѓач на светот, игра на највисоко ниво најмалку десет години и пред сè е шампион. Убеден сум дека се согласувате со мене“, изјави „вистинскиот“ Роналдо, како што многумина го нарекуваат со оглед на подоцнежното појавување на Португалецот со исто презиме.
Тој во моментов е еден од сопствениците на шпанскиот прволигаш Валјадолид и е директно инволвиран во секојдневните случувања во фудбалот. Освојувачите на престижната награда „Златна топка“, која традиционално да доделува францускиот весник „Франс прес“, ќе бидат познати на 29 ноември.