Висок припадник на грчката мафија е убиен од засега непознати лица во центарот на Атина. Над 80 куршуми биле испукани кон 44-годишниот Ванѓелис Забунис од најмалку 3 лица.
Ова убиство ја шокираше грчката јавност поради бруталноста на егзекуцијата. Полицијата на излезот од Атина пронашла напуштено возило за кое се претпоставува дека го користеле сторителите.
Во него биле пронајдени две автомати „Калашников“ и еден пиштол. Ванѓелис Забунис беше еден од најважните експоненти на грчката мафија, кој во 2018 година избегна иште еден обид за атентат.