Според британските медиуми, принцот Вилијам бил главниот иницијатор во одлуката принц Ендру да се откаже од своите кралски титули, поради долгогодишните скандали поврзани со неговото пријателство со осудениот педофил милијардер Џефри Епстајн.
Кралски експерти наведуваат дека идниот крал е длабоко вознемирен поради контроверзиите го следат неговиот вујко, а според кралската аналитичарка Џени Бонд, Вилијам е „крајно бесен“ и загрижен за иднината на монархијата, објави „Мирор“ денес.
Познато е дека принцот од Велс не е во добри односи со Ендру. На неодамнешниот погреб на војвотката од Кент, Вилијам му го свртел грбот на својот вујко кога овој се обидел да му се приближи.
Иако се верува дека токму Вилијам и кралот Чарлс биле двигатели на одлуката Ендру да ги изгуби титулите, експертите сметаат дека кога Вилијам ќе се искачи на тронот, Ендру би можел да се соочи со уште построги последици поради скандалите што ја засениле британската монархија.
Пред два дена беше објавен нов скандал дека принцот Ендру наводно ги молел своите вработени и пријатели да му најдат девојки и имал посебна преференција кон балерини и русокоси, откри неговиот биограф во новата книга. Ова, според авторот и историчар Ендру Лоуни, понекогаш довело до тоа да спие со жени за кои „дури и не сфатил дека се проститутки“.
Во својата нова книга, насловена: Подемот и падот на Јоркшката куќа, Лоуни пишува дека дури и телохранителите на Ендру, платени од британските даночни обврзници, биле вклучени во оваа мрежа.
„Тој ќе забележеше атрактивна балерина во Кралскиот балет, а потоа ќе го испратеше својот телохранител да ја покани на состанок со него. Други ситуации вклучуваа испраќање помошници да поканат девојки на неговата маса во лондонскиот ноќен клуб „Чајнавајт“ или во неговиот хотелски апартман кога беше во странство“, рече Лоуни.
Авторот, исто така, наведува дека „персоналот на Ендру често барал атрактивни жени да бидат поканети на настани, а приватната секретарка навела дека тој претпочита русокоси“.
Текстот Вилијам бесен по објавите дека на неговиот вујко Ендру подредените му носеле девојки, а претпочотал балерини е превземен од МАКФАКС.























