Комичарот Крис Рок досега не се огласил за инцидентот на 94-тото доделување на Оскарите, па кралицата на ток шоуто Опра Винфри и нејзината ривалка Елен Деџенерис се борат за првото интервју со него!
Имено, Крис Рок може да заработи вистинско богатство, откако Вил Смит му удри шлаканица на Оскарите 2022 година, а воедно да добие ексклузивно интервју со една од најпознатите водителки во светот.
При доделувањето на наградата за најдобар документарен филм, тој се пошегува на сметка на сопругата на Смит, Џејд, која боледува од алопеција.
Холивуд и понатаму е поделен околу тоа дали Вил постапил правилно или не, но личноста која сериозно би можела да профитира од овој инцидент е Крис!
Билетите за настапот на комичарот горат!
Билетите за неговото шоу сега се распродадени со месеци однапред, што го натера познатиот комичар да закаже дополнителни термини. Исто така, понудите за интервјуа се само помали.
– Не е ни чудо што Крис го чека своето време за да зборува за немилиот настан со Смит. И Опра и Елен покажаа голем интерес први да го интервјуираат. Зад сцената се водат големи преговори и за пари – истакнува добро информиран извор за The Sun.
На крајот, Вил јавно му се извини на Крис за неговиот испад, а на интернет напиша: – Насилството во сите негови форми е отровно и деструктивно. Моето однесување на Оскарите беше неприфатливо и непростливо.
Затоа донесе неочекувана одлука – ја напушта Академијата за филмски уметности и науки!
Вил Смит поднесе оставка како член на Холивудската академија за филмски уметности и науки, велејќи во петокот дека неговата шлаканица кон комичарот Крис Рок е „шокантна, болна и непростлива“.
– Ја изневерив довербата на Академијата. На другите номинирани и победници им ја одзедов можноста да слават и да бидат прославени за нивната извонредна работа. Моето срце е скршено. Затоа, поднесувам оставка од членството во Академијата за филмски уметности и науки и ќе ги прифатам сите натамошни последици кои УО ги смета за соодветни – се наведува во соопштението на Смит.
Дејвид Рубин, претседателот на Академијата, во петокот изјави дека групата ја прифатила оставката на Смит, но дека тој ќе продолжи со дисциплинската постапка што може да доведе до дополнителни санкции. Постои можност да му биде одземен Оскарот за најдобра главна машка улога во филмот „Кралот Ричард“. А Рубин истакна дека за тоа ќе се разговара на седницата на УО на 18 април.
Продуцентот на Оскар Вил Пакер се појави во емисијата „Добро утро, Америка“ и во таа прилика истакна дека сите се запрепастени од постапката на Смит.
– Многумина размислуваа како да реагираат и дали тоа воопшто е реално. Мислам дека Рок ја спаси таа вечер со својата собрана реакција – изјави Пакет.
Според продуцентот, полицијата во Лос Анџелес била подготвена да го уапси актерот, но тоа не го направила по интервенцијата на комичарот.