Викендов во кањонот Матка кај Скопје ќе се одржи 54-то издание на спортската манифестација Илинденски слалом и натпреварите од Европскиот куп во брзи води. Организаторите го потврдија учеството на 9 странски репрезентации и 25 клубови, односно на 200 натпреварувачи во две дисциплини. Новост е учеството на Казахстан, која ја предводи поранешниот репрезентативец на Македонија, Атанас Николовски. Натпреварите почнуваат утре со Илинденскиот слалом, а потоа стартуваат натпреварите од Европскиот куп.

Advertisements

„По 54-ти пат по ред ИКАСИ ќе се одржи во прекрасниот кањон Матка и брзите води. Вреди да се напомене и дека во рамките на овие натпреварувања е и Европскиот куп кој ќе се одржи в сабота, односно утре на Матка“,рече Дрилон Леши, претседател на Кајак-федерацијата на Македонија.

Прикажи повеќе