Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека војната меѓу Израел и Хамас, која започна на 7 октомври, доведе до најголемото раселување на палестинскиот народ од 1948 година.
УНРВА објави и видео во кое низ потресни фотографии во 100 минути ги прикажува 100 те дена од страдањето на Палестинците
100 days in 100 seconds.
This has been the largest displacement of the Palestinian people since 1948.
An entire generation of children is traumatized, thousands have been killed, maimed, and orphaned.
People live through the unliveable. pic.twitter.com/qmqvwPQKL6
— UNRWA (@UNRWA) January 15, 2024
„Ова е најголемото раселување на палестинскиот народ од 1948 година. Цела генерација на деца е трауматизирана, илјадници се убиени, осакатени и останаа сираци“, се вели во објавата на УНРВА на социјалната мрежа Икс.
Во 1948 година, „накба“, позната и како „палестинска катастрофа“, се случи кога израелските трупи го окупираа Западниот Брег и Појасот Газа, проследено со прогон и раселување на Палестинците низ Блискиот Исток.
М. Д.