Легендарниот музичар Џон Бон Џови бил сведок на неверојатна сцена што се случила во вторникот за време на снимањето на спотот во Нешвил. Музичарот и помогнал на жената која била на работ од пешачкиот мост.
Видеата ги сподели локалната полиција, а на нив се гледа како музичарот и приоѓа на жената која стоела на работ. По неколку минути разговор, жената се тргнала на побезбедната страна на мостот и го прегрнала музичарот.
Според полицискиот оддел во Нешвил, инцидентот се случил во вторникот вечерта додека 62-годишниот музичар снимал видео спот на патеката.
@cnn Nashville police say rock icon Jon Bon Jovi helped persuade a woman to come to safety when he saw her standing on the ledge of a Nashville pedestrian bridge. #cnn #news #bonjovi ♬ original sound – CNN
На видеото, објавено од локалната полиција, може да се види како Бон Џови и приоѓа на жената со уште едно лице. Потоа се наведнува на оградата од мостот и ја подига жената. Началникот на полицијата ја пофали постапката на рок ѕвездата.
„Сите треба да си помогнеме едни на други да останеме безбедни. Благодариме на Џон Бон Џови и неговиот тим што и помогнаа на жената на мостот Зајгенталер во вторникот вечерта. Бон Џови, заедно со другите, помогнаа да ја убеди да се симне од работ на мостот што беше над реката Камберленд и да се врати на безбедно“, соопшти полицијата, а пренесува Дејли меил.