Кошаркарите на Денвер го победија Сакраменто со 124:116 и ја прекинаа серијата од четири порази во НБА лигата. Во исто време, Лука Дончиќ ги предводеше ЛА Лејкерс до победата во Далас 112:97.
Српскиот центар Никола Јокиќ имаше 20 поени, 12 скока и 11 асистенции, што е негов 32-ри трипл-дабл сезонава, во првиот натпревар на Нагетс откако тренерот Мајкл Мелоун доби отказ.
Кристијан Браун постигна 25 поени, Мајкл Портер и Арон Гордон по 21 поен, а Џејлен Пикет постигна 18 поени.
Во тимот на Сакраменто најефикасен беше Зек Левин со 27 поени и 11 скока, Демар Дерозан постигна 22 поени, Кион Елис 20, а Треј Лајлс додаде 17 поени и девет скока.
На два натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната, Денвер е изедначен со Лос Анџелес Клиперс (48/32) на четвртото место во поредокот на Западната конференција. Сакраменто е деветти со 39/41.
Лука Дончиќ се врати во Далас, два ипол месеци по шокантниот трејд. Со солзи го гледаше видеото кое му го посветија Маверикс, солзи имаше и на трибините.
Словенецот немаше милост, постигна 45 поени, имаше осум скока, шест асистенции и четири украдени топки, Лејкерси победија во Тексас и останаа третопласирани во поредокот.
Леброн играше кога се решеваше мечот, постигна 13 од 27 поени во последниот период, кога Мавси успеаја да се вратат во мечот со серија од 15:2. Кај Далас Ентони Дејвис забележа 13 поени, 11 скока.
Мавси ќе ја завршат годината со негативен резултат, ќе влезат во плеј-ин, тие се десетти, но никој не им дава ни најмала шанса да се пласираат во плеј-офот.
Текстот (Видео) Јокиќ со трипл-дабл ја започна новата ера на Нагетс, емотивниот Дончиќ го растури „својот“ Далас е превземен од МАКФАКС.