Актерката Шарлиз Терон отворено проговори за својот сексуален живот и за врската од една вечер што ја имала со помлад маж.
Терон се појави во поткастот Call Her Daddy, каде што ѝ кажа на водителката дека таа ноќ ќе ја памети долго време.
„Имав можеби три авантури за една ноќ во целиот мој живот, но неодамна имав секс со 26-годишник. Беше неверојатно. Никогаш порано не сум го направила тоа. Си реков: О, ова е одлично“, рече таа.
Шарлиз исто така рече дека стекнала новооткриена самодоверба кога станува збор за секс во последната деценија, но дека сè уште верува оти е последната личност на која може некој да ѝ се обрати за совет за сексуални врски.
Текстот (Видео) Шарлиз Терон призна: „Имав секс со 26-годишник, беше неверојатно“ е превземен од МАКФАКС.