Патниците на луксузниот крузер „Дизни“ беа сведоци на драматична сцена кога мало девојче падна од четвртата палуба, а нејзиниот татко скокна во морето по неа во обид да ја спаси.
Според очевидци, инцидентот се случил додека таткото ја фотографирал својата ќерка во близина на оградата на бродот. Бродот се движел со голема брзина во моментот на несреќата, а екипажот веднаш кренал тревога, извикувајќи „човек во морето“ и започнал спасувачка операција.
На социјалните мрежи се појавија видеа од патници кои извикуваат додека спасувачки брод ги извлекува од површината на морето. Таткото и ќерката биле во вода околу 10 минути пред да бидат спасени.
NEW: Father jumps overboard to save his 5-year-old daughter, who fell off a Disney cruise ship from the 4th deck into the ocean.
The ship was heading back to South Florida when the intense rescue was made.
“The ship was moving quickly, so quickly, it’s crazy how quickly the… pic.twitter.com/PTGmAzZJ7O
— Collin Rugg (@CollinRugg) June 30, 2025
„Бродот се движеше неверојатно брзо. Во еден миг, тие беа само мали точки во водата, а потоа исчезнаа од видното поле“, рече патничката Лаура Амадор. „Капетанот го забави бродот, го сврте и го спушти спасувачкиот брод. Ги видовме како се спасуваат“, изјави таа за „Си-би-ес Њуз“.
Друг патник, Гар Франц, изјави за „Ен-би-си Њуз“: „Гледавме. Видовме две точки… беше ужасно, навистина ужасно“.
„Дизни Круз Лајн“ го потврди инцидентот и ја пофали брзата реакција на екипажот:
„Екипажот на „Дизни Дрим“ брзо спаси двајца гости од водата. Горди сме на нивната вештина и брза реакција, што им овозможи на двајцата гости безбедно да се вратат на бродот за само неколку минути“, соопшти компанијата.
Несреќата се случила на последниот ден од крстарењето. Бродот „Дизни Дрим“ со 4.000 патници се враќал во Форт Лодердејл, Флорида, по четиридневно патување на Бахамите. Се вратил во пристаништето според закажаното.
Текстот (Видео) Четиригодишно девојче падна во море од крузерот на „Дизни“: таткото скокнал по неа, двајцата се спасени е превземен од МАКФАКС.