Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој се наоѓа во Егејското Море.

Најсилниот од 6.400 земјотреси што го погодија овој регион од 26 јануари се случи вчера вечер и беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Бројните земјотреси предизвикаа бројни одрони, а еден од поголемите речиси целосно ја уништи познатата Црвена плажа, која е симбол на Санторини, објави грчкиот портал „Прототема“.

На социјалните мрежи се појавија снимки од плажата покриена со карпи кои се одрониле на брегот од блискиот рид. Недалеку од оваа плажа се наоѓа познат археолошки локалитет.

Локалните власти поставија лента и забележаа дека плажата е затворена, но и покрај тоа, некои од ретките туристи кои се уште се на островот доаѓаат и прават селфи.

Според грчките медиуми, повеќе од 10.000 туристи и локални жители го напуштиле Санторини од саботата кога наеднаш зачестија земјотресите.

Текстот (Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини е превземен од МАКФАКС.