Европскиот шампионат во Словачка и Унгарија започна со одигрување на девет меча на првиот ден.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави најдобрите пет гола од воведните дуели. На врвот се најде цепелинот на босанската репрезентација, во режија на Јосип Периќ и Никола Прце.
Место имаше и за мајсторскиот погодок на Блаж Благотиншек во дуелот со Мартин Томовски.