Хаотичен ракометен натпревар се одигра во црногорското првенство помеѓу Ловќен и Беране во Беране. Гостите Ловќен од Цетиње победија со 26:22, но натпреварот едвај се одигра до крајот поради бројните инциденти на трибините.

Домашните навивачи испратија силни просрпски пораки. Го величеа Дража Михајловиќ, четнички војвода и воен злосторник, извикуваа „Косово е Србија“. Играчите на Ловќен се нарекуваа усташи, а врз нив биле фрлани и стаклени шишиња.

На видеото кое го објави CG Sport се гледа и се слуша скандирање, а локалните навивачи сакаа да влетаат на теренот. Натпреварот три пати беше прекинат.

Ловќен е актуелен шампион на Црна Гора во ракомет.

Текстот (Видео) Хаос во Црна Гора: Навивачите ги нарекоа противниците усташи и фрлаа по нив со шишиња е превземен од МАКФАКС.