Фрустрацијата во Ваљадолид, последнопласираната екипа во шпанската Ла Лига, расте како што се наближува денот кога и формално ќе се преселат во Сегунда.
Тимот од градот со околу 300.000 жители беше убедливо поразен на својот стадион од Хетафе во 30. коло во неделата со резултат 4:0.
Дека на клубот не му оди покажа и деталот од клупата за резервните играчи. Двајца играчи се скараа и дури сакаа и физички да се пресметаат, а подебелиот крај го извлече Хуанми Латаса, кој беше заменет по половина час игра.
Инаку сопственик на Ваљадолид е легендарниот Бразилец, Роналдо.
Mululu a punto de cascarle una ostia a Latasa en el banquillo hoy contra el Getafe. Este club se va a la deriva pic.twitter.com/R9d30vWDVq
— lazo (@goldelazo3) April 6, 2025
Текстот (Видео) Фудбалери на Ваљадолид за малку ќе се степаа на клупата е превземен од МАКФАКС.