Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ има ново лице на насловната страница за 2025 година!

Ова е актерката Салма Хајек, која ја покажа целата своја женственост пред камерите, како и раскошните облини што ја красат со години.

Мексиканската убавица гордо позираше пред објективот на фотоапаратот во атрактивно зелено бикини, покажувајќи им на фотографите како позираат вистинските заводнички.

Таа објави фотографии и видеа од снимањето на едиторијалот на Инстаграм, а бројните обожаватели на Салма повторно добија можност да уживаат во рајската сцена.

Во оваа прилика, таа даде интервју за гореспоменатото списание.

„Се сеќавам кога бев мала. Секогаш се возбудував кога ќе видев издание за костими за капење во некое списание и си мислев: Кој ќе биде во ова издание? Секако, не изгледав како модел, па затоа никогаш не ми падна на памет дека еден ден ќе бидам во тоа“, рече Хајек, додавајќи:

„Да ми кажеше некој дека ќе бидам во ова на 58 години, ќе го испратев во ментална институција, но светот се промени и тоа е возбудливо. Можев да се пензионирам, но не сакам да го пропуштам ова време“, додаде убавата актерка.

Текстот (Видео/Фото) Каква глетка: таа покажа како позираат вистинските заводнички е превземен од МАКФАКС.