Еден од главните бродови на Глобалната флотила за Газа наводно бил погоден од дрон во туниските води, соопшти флотилата, додавајќи дека ниту еден од шесте патници и членови на екипажот не е повреден. Сепак, туниската национална гарда го негираше извештајот, велејќи дека експлозијата се случила во внатрешноста на бродот.
На бродот кој плови под португалско знаме избувнал пожар на главната палуба и во складишниот простор под палубата, соопшти Глобалната флотила.
BREAKING: One of the Freedom Flotilla ships, carrying Greta Thunberg along with other activists and humanitarian aid for Gaza, was hit by a drone attack. The ship is part of the mission to end the blockade on Gaza. Initial reports indicate everyone is ok. pic.twitter.com/CjArcljZ5x
— Power to the People ☭
(@ProudSocialist) September 9, 2025
Портпаролот на туниската национална гарда изјави за радио Мозаик дека извештаите за напад со дрон врз флотилата „не се засновани на вистина“, додавајќи дека првичниот преглед покажал дека експлозијата се случила во внатрешноста на бродот.
Од Флотилата за Газа соопштија дека истрагата за нападот со беспилотни летала е во тек и дека нејзините наоди ќе бидат објавени штом ќе бидат достапни. „Нема да бидеме обесхрабрени од акт на агресија насочен кон заплашување и попречување на нашата мисија. Ќе ја продолжиме нашата мировна мисија за прекин на опсадата на Газа и ќе покажеме солидарност со народот“, се наведува.
Флотилата со десетици бродови што носат хуманитарна помош за Газа, исплови од пристаништето во Барселона на 1 септември. Израел воведе поморска блокада на Газа откако Хамас ја презеде контролата врз енклавата во 2007 година, велејќи дека сака да спречи оружјето да стигне до групата.
Флотилата има за цел да ја пробие блокадата и да достави хуманитарна помош до енклавата, која е опустошена од речиси двегодишна војна. Флотилата вклучува групи од 44 земји, вклучувајќи ја и климатската активистка Грета Тунберг.
фото: принтскрин
Текстот (Видео) Флотилата со Грета и активистите: Нашиот брод беше погоден од дрон е превземен од МАКФАКС.