Главниот нафтовод што испорачува нафтени деривати во Москва експлодира во рускиот регион Рјазан, дознава „Укринформ“ од извор во Одбранбена разузнавачка служба на Украина (ДИУ).

Според нив, вчера се случила силна експлозија на нафтоводот „Рјазан-Москва“, еден од главните правци за снабдување на руската престолнина со нафтени производи.

Според извори на ДИУ, откога локалните канали на „Телеграм“ во Рјазан пријавија гласна експлозија на дел од цевководот, избувна голем пожар. Пожарникарите и амбулантните возила беа испратени во рок од неколку часа за да го изгаснат пожарот, објави „Укринформ“.

Жителите пријавија дека полицијата и други тимови се во областа на селото Божатково во регионот Рјазан работејќи на отстранување на последиците од експлозијата и пожарот.

Според украинските медиуми, од 2018 година овој цевковод е пренаменет за снабдување со бензин на компанијата „Транснефт“, која исто така снабдува гориво и за руската војска.

Според ДИУ, инцидентот предизвикал протокот на нафтени производи кон Москва да биде суспендиран на неодредено време.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Украинци: Експлодира главниот нафтовод што ја снабдува Москва е превземен од МАКФАКС.