Бројот на жртвите од невремето на северот на Италија се зголеми на 13, додека повеќе од 13.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Повеќе од 20 реки ги пробија коритата во Италија по обилните врнежи од дожд.
Телата на новите жртви беа пронајдени синоќа. Регистрирани се 280 одрони.
Градоначалникот на Равена, Микеле де Паскале изјави дека ова е најтешката несреќа во последните 100 години, пренесува Би-би-си.
Тој додаде дека последиците се катастрофални, дека луѓето во Равена и другите градови останале без куќи и имот.